Јавната обвинителка Ленче Ристоска, од Специјалното јавбно обвинителство, на прес-конференција, во свое, но и во името на сите нејзини колеги-обвинители и истражители, даде уверување дека нивен примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО и дека, како и до сега, така и во иднина ќе постапуваат согласно законските прописи. Иако обвинителите барем за момент покажаа единство, сепак никој од нив не ја спомена и нивната сега веќе поранешна шефица, Катица Јанева, од која вчера, со налог беше одземен нејзиниот мобилен телефон.
Од СЈО велат дека стојат зад целата досегашна работа и дека нивна цел е финиширање на актуелните постапки. „Стоиме за работата што сме ја завршиле и сите постапки за кои имаме судења не се доведени во прашања и нашите постапувања се во рамки на законските прописи. Ве информирам дека внимателно следиме се и изразување голема загриженост и апелираме да се почитува нечелото на презумција на невиност и се приклучувам на повикот на државниот јавен обвинител секое лица да пријави се што има и сакам да потенцирам дека сме отворени за соработка со колегите и за се што имаме како информација“, рече Ристоска и потврди дека СЈО ќе има уште осудителни пресуди, но дека тие немаат никакви информации кои се однесуваат на евентуална истрага насочена против Катица Јанева за која кажа дека таа вчера се појавила во просториите на СЈО и дека нејзината оставка и за нив била изненадување.
СЈО ПРЕЗЕНТИРА ЗАЕДНИШТВО, КАТИЦА ЈАНЕВА НИКОЈ НЕ ЈА СПОМНУВА
Спонзорирано