Обвинителството со предмет за запаленото бугарско знаме во Вевчани

152

Струшкото Јавно обвинителство, по допрен глас, отвори предмет за запалено бугарско знаме, на карневалот во Вевчани.
„Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело: Повреда на угледот на странска држава, согласно член 181 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството од каде и информација дека надлежен обвинител веќе издал наредби да се утврди идентитетот на сторителот, но и на други лица кои биле присутни на настанот, а ќе треба да се обезбедат и видео снимки од настанот.

Спонзорирано