Повеќе од 15 сведоци, предложени од одбраната на обвинетите за организирање на големите немири од 27. април 2017. година, беа повикани денеска во скопскиот кривичен суд, а помеѓу нив и поранешните министри Никола Тодоров и Гордана Јанкулоска, но и шефот на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протугер.
И додека Јанкулоска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ немало донесена никаква, формална одлука за организирање на протестите, Никола Тодоров со појаснување дека во тоа време постоел план за формирање на влада на широка коалција, бидејќи акцентот бил на евроинтеграциите. Според Тодоров, настанот од 27, април, наводно, го чинело ДПМНЕ меѓу 70 и 100 илјади гласови.
И сведочењата на другите повикани сведоци на одбраната беа во насока на негирање на инволвирање на партијата во упадот во Собранието и во претепувањето на пратеници од тогашната опозиција. Со тврдењата дека не постоела формлана одлука да се поддржат протестите се сложува и обвинителката Вилма Русковска, но таа тврди декадека има и други сведоци, како и докази, кои ќе го потврдат токму спротивното.
Како организатори на упадот Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги товари екс-министрите Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и некогашниот директор на сега веќе непостоечката Управа за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Сите тие се товарат дека ториле кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
За истото дело осомничен беше и Никола Груевски, но поради неговата недостапност за органите на кривичниот прогон, за него постапката е ставена во мирување.
Гордана Јанкулоска негира постоење на партиска одлука за насилствата од 27. април
Спонзорирано