НОВО БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

1726

Министерката за правда, Рената Десковска, потврди дека досието за бегалецот Никола Груевски е комплетирано и потпишано и наскоро тоа ќе им биде доставено на унгарските власти.
Овој пат, поранешниот премиер се бара како еден од најодговорните за случувањата од 27. април 2017. година, односно како еден од неколкутемина кои стојат зад целата организација со упадот во републичкото Собрание.
До министетството за правда на Република Северна Македонија се уште не е пристигнат никаков одговор по првото барање за екстрадиција на Груевски од Будимпешта, а по известување дека бегалецот, за предметот наречен „Тенк“, односно за незаконската набавка на возило „мерцедесе“, е правосилно осуден на затвотрска казна во траење од две години.
Државава, освен две барања за екстрадција има и две барања до Интерпол. На првото барање од Интерпол беше добиен негативен одговор, со скудно појаснување дека тие нема што да објаснуваат, односно дека одговорите треба да се бараат од нашите државни институции.

Спонзорирано