Неостварени добивки од игри на среќа во годишните пријави во УЈП

1097

Постои ли злоупотреба на граѓаните, односно на нивните лични податоци со впишување на средства кои тие, наводно, ги оствариле преку игри на среќа? Кој и како интервенира во туѓи годишни пријави, во кои се вметнуваат астрономски суми, коишто, реално, не им припаѓаат на оние кои се однесуваат даночните пријави?

Изминативе денови „Телевизија 24“ истражуваше на оваа тема и дојде до фрапантни сознанија. И по неколку стотици илјади денари се впишуваат на годишните даночни пријави на лица кои се пасионирани играчи на игри на среќа, а пред се на игри во спортски обложувалници.

И нашиот соговорник е еден од оние кои на својата годишна даночна пријава има голема сума пари за кои самиот тврди дека ниту ги заработил во обложувалница, ниту ги потврдил во даночната пријава. Иако е убеден дека сумата од 380.000 денари, којашто е наведена на неговата даночна пријава не е негова, нашиот соговорник е убеден дека некој манипулира со личните податоци на играчите на среќа.

„Нашата, интерна истрага потврди дека манипулации се прават и со меѓусебен договор на две лица. Имено, едниот од нив го пријавува матичниот број на другиот и со тоа избегнува можна блокада на трансакционата сметка или, пак, губење на одредени примања од државата. Заработката ќе биде поделена на пола, но активни се и личните податоци на оној кој се пријавил како добитник.“ – велат од УЈП.

И во Управата за јавни приходи се изненадени од наводните злоупотреби на годишните даночните пријави кои им ги посочивме. Оттаму потсетуваат дека даночните обврзници, преку своите кориснички профили, може да извршат увид во претпополнетите годишни даночни пријави за 2018 година и заклучно со 31. овој месец имаат можност да ја потврдат или коригираат.

„Од при јуни оваа година, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава, коригирана или потврдена. Притоа напоменуваме дека на први јуни 2019 година, исто така, службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави коишто од страна на граѓанинот не се ниту потврдени ниту коригирани. Даночната пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на УЈП. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.“ – велат од УЈП.

Со оглед на тоа што УЈП нема увид во делот на заработка од игри на среќа, а доколку постојат сомнежи за злоупотреби на годишните даночни пријави тие ги повикуваат граѓаните, по извршена проверка, да ги пријават неправилностите.
Телевизија 24

Спонзорирано