Од досегашиот тек на предистрагата Јавното обвинителство не нашло докази кои упатуваат на кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија или некое друго кривично дело
Јавен обвинител донел резолуција со која се потврдува дека нема место за јавнообвинителско постапување во случајот наречен Прв Скопски извиднички одред“, кој бил наречен: „Sex Scouts, Rock and Roll“. .
Од Обвинтелството потврдуваат дека се водела предистражн постапка за овој случај, односно за извидничкиот камп кој беше организиран во периодот од 24. до 26. септември минатата година, а по доставено известување на родител на една од учесничките на настанот, којшто случајот го пријавил во СВР Скопје. Имено, според пријавата, во кампот, кој бил стациониран во местото Градовци, Општина Зелениково, немало едукација, туку дека во него имало елементи на детска порнографија, односно дека според неговите сознанија таму се прикажувале пози на деца кои во себе содржеле сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие.
„Со цел да се проверат овие наводи, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежното Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, достави наредба да се испитаат сите учесници на настанот и да се прибави мобилен апарат од еден од водичите на кој би се очекувало да се пронајдат записи кои произлегуваат од настанот, а кои би можеле да послужат како доказ во кривичната постапка. По одземање, мобилниот телефон беше доставен до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, каде беше извршено излекување на сите записи и нивна анализа. СВР Скопје ги изврши бараните разговори со сите инволвирани лица во овој настан“, велат од Обвинителството и притоа појаснуваат дека по проучување на сите обезбедени материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот било утврдено дека во конкретниот случај немало елементи кои би упатиле на сторување на кривично дело: производство и дистрибуција на детска порнографија.
„Сите испитани инволвирани учесници, почнувајќи од волонтерите водичи преку самите извидници кои учествувале на настанот, наведуваат дека станува збор за настан кој се одвивал во повеќе етапи. Покрај класичните извиднички дејствија, а тоа е преминување одредена територија пешки, врзување јазли, логорување, подготовка на храна и слично, биле додадени и вежби и активности кои што претставуваат сексуална едукација на лицата кои што учествувале со нагласка дека станува збор за лица на возраст од 16-21 година. Дејствијата биле насочени како превентивни, но и едукативни материјали кои директно и индиректно би значеле заштита од венерично преносливи заразни болести и заштита од несакана бременост. Ова било спроведено низ игри и вежби, за кои анализата дали одговараат или не на возраста на учесниците и дали природата на вежбата е во согласност со нивните потреби може да се врши низ социолошки аспект, но не и да биде предмет на кривично-правна одговорност, бидејќи дејствијата не ги содржат елементите на предметните кривични дела предвидени во законот“, се вели во соопштението лферувано од Јавното обвинителство, а кое потврдува дека предмет на анализа бил и мобилниот телефон на учесникот кој што според подносителот на пријавата вршел фотографирање на настанот.
Од сети обезбедени и анализирани докази Јавниот обвинител донел одлука според која во конкретниот случај нема место за постапување, односно за поведување на кривична истрага.