Нема обвинителска реакција по известувањето на Наќе Чулев

1043

Основното јавно обвинителство Скопје донело резолуција со која се потврдува дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи, за кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата.
Како што појаснуваат од обвинителството писменото известување на Наќе Чулев се однесувало на постоење на недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
„Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето. Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување“, се вели во писменото соопштение на Јавното обвинителство.​

Спонзорирано