Наставник осомничен за полов напад врз ученичка

1846

Гостиварското јавно обвинителство донело наредба за спроведување истрага за едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Осомничениот, инаку наставник, пред два дена, во училиштето во село Чегране, извршило полови дејствија врз ученичка на возраст од девет години. Тој за време на паузата за одмор ја повикал оштетената да оди кај него во училницата, а потоа почнал да ја допира и бакнува, а на мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето. Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот и кажал дека повторно ќе ја повика.
Јавен обвинител, до судија на претходна постапка од судот во Гостивар, доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да ја попречува истрагата. Предлогот бил прифатен и на наставникот му бил изречен притвотр во траење од 30 дена.

Спонзорирано