Можна ли е аболиција на осудените за 27 април

1581

Можно ли е и овој април, како и пред три години, претседателот на државата да аболира поголема група лица, но овој пат за случувањата во парламентот на 27. април 2017 година? Доколку се следат најавите не треба да се исклучи можноста осудените или нивни блиски да иницираат една ваква постапка, дотолку повеќе што претседателот Ѓорге Иванов, во 2016. година, донесе еден ваков акт со којшто надвор од кривичен прогон стави 56 лица.

Според засега непотврдени информации, во текот на вчерашниот ден, до кабинетот на претседателот Иванов, наводно, била доставена иницијатива од осудениот Митко Чавков, како и од екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски и уште неколкумина други осудени за „крвавиот четврток“. На предлог листата, наводно биле и имињата на бегалецот Никола Груевски, но и на Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и уште неколкумина други поранешни функционери, но не и Александар Василевски – Нинџа, бидејќи неговото сведочење пред судот и признание на делото се третира како предавство.

„Не се запознаена дека постои ваква иницијатива. Како судија кој ја изрекол првостепената пресуда треба да сум информирана за се што се однесува на предметот, но до вчера, јас немам примено никаков поднесок. Она што во овој момент со сигурност можам да го потврдам е дека имам примено повеќе барања со кои осудените, иако пресудата се уште не е правосилна, бараат да започнат со издржување на затворските казни!“ – вели Добрила Кацарска.

И претседателот на скопскиот кривичен суд, судијата Иван Џолев, потврдува дека до него не е доставена претставка која упатува на можноста одредени лица да бараат аболиција од претседателот на државата. Џолев потестува дека за таква една иницијатива може да се зборува само доколку таков предлог дојде од Комисија при Министерството за правда или лично од министерката и дека Иванов, по априлската аболиција, самиот го повлече указот, бидејќи донесената одлука беше противзаконска.

Како што е познато Иванов, на 12. април 2016. година, донесе одлука со која аболицираше повеќе од 50 лица. Одлуката на Иванов предизвика масовни немири и протести во целата земја. Веќе на 27. мај, односно месец и половина по донесување на указот, Иванов го повлече актот со објаснување дека верувал дека одлуката за помилување претставувала можност за излез од политичката криза.
Телевизија 24

 

Спонзорирано