МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КОМИСИЈАТА ПРИЗНАА ВИНА ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ, АМА НЕ И ИГОР ЈАНУШЕВ

1057

По безмалку осум месеци од денот кога беше поднесен обвинителен акт за незаконската набавка на 202 двокатни автобуси за потребите на Јавното сообраќајно препријатие „Скопје“, денеска во скопскиот кривичен суд започна судењето на четворицата обвинети. Станува збор за пораешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Снежана Филиповска-Павлевска (48), претседател и Игор Јанушев (38) и Јулијана Јанкуловска-Атанасова(63), членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП „Скопје“.
И додека Јанакиески, Филиповска-Павлевска и Јнкуловска-Атанасова признаваат вина за она што го сториле, пратеникот Игор Јанушев не прифаќа вина. Нему, отркако судот му го прочита обвинителниот акт му стана појасно зошто е овинет, но тој не прифаќа вина.
Инаку, сите четворица обвинети се товарат за кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека се начинот на којшто постапувале го оштетиле државиот Буџет за од 293.773.226 денари или 4.772.920 евра.
Според наводите на диспотзитивот на обвинителниот акт сега обвинетите ја фаворизирале кинеската компанија, нпо во исто време и го оштетиле државниот Буџет за безмалку пет милиони евра. Имено, според Обвинителството, на набавката на автобуси и претходеле три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси. Овие постапки се воделе во текот на 2008 и 2009 година, но вечќе во февруари следната година била отпочната нова постапка за набавка на автобуси. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, члеровите н Комисијата за набавки, а во договор со првообвинетиот Јанакиески, постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што тоа било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна таа ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Бугарија била за 4.772.920 евра пониска тие го избрале кинескиот економски оператор. Миле Јанакиски знаел дека тендерската документација на избараната фирма не била комплетна, но тој сепак донел решение за избор на најповолна понуда и склучил договор за купопродажба на автобуси на износ од 35.425.410 евра.

Спонзорирано