МИЈАЛКОВ БАРА ОД АПЕЛАЦИЈА ДА МУ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ

1314

Уште еднаш Сашо Мијалков ја разбранува домашната јавност. Денеска тој тоа го стори со својот емотивен настап во Апелациониот суд во Скопје каде претходно, во преполната судница, се елаборираа жалбите на неговите бранители, а се слушна и мислењето на Специјалното јавно обвинителство.
Пред петчлениот судски совет, со кој раководи судијата Зоран Димитриевски, прв се огласи адвокатот Љупчо Шврговски кој говореше наводни двојни мерки притвор и за „ненадлежен сидечки совет“, кој ја изрече пресудата за „Титаник 2“, со која Сашо Мијалков, за примање награда за противзаконско влијание беше осуден на казна затвор во траење од три години, а по барање на СЈО му беше изречена и мерка притвор. Со слични тези излегоа и адвокатот Миле Петровски и неговиот помлад колега Петар Василев, кој говореше за некаков правен апсурд.
Обвинителката Фатиме Фетаи ги отфрли обвинувањата дека првостепениот суд сторил „суштествени повреди во постапката“ и дека постоело „погрешно утврдена фактичка состојба“. Фетаи потсети сите сега присутни и тогаш биле во судница и дека по изрекувањето на пресудата дале мислење за мерката притвор.
„Јавниот обвинител и не треба да повторува дека против Сашо Мијалков се водат и други постапки и дека за него и досега беа изрекувани мерки на безбедност.“ – посочи обвинителката Фатиме Фетаи.
Обвинителката Фетаи го потсети судот дека тој и порано изрекувал мерки за сега осудениот, дека има голем имот во земјава и во странство и дека има контакти со разузавначи со што се исполнети условите за прифаќање на предлогот за мерката која што е веќе изречена.
„Излагањето на обвинителката Фатиме Фетаи ме инспирира, по однос на околностите за притворот, па еве, сакам да ја рефреширам меморијата на обвинителите од СЈО, на судот и на јавноста, дека истите овие околности важеа и пред околу две години кога за мене беше одбиено барањето за притвор. Мојот имот тука и во странство е истиот. И тогаш се водеа истите постапки кои се водат и денеска и тогаш беа запретени истоте казни. Контакти со бивши странски колеги имав и тогаш. Дадов збор пред овој суд, онака човечки, дека нема да бегам и стојам на тој збор и ќе го одржам! Јас верувам во овој суд и верувам во професионалноста на судиите!“ – изјави Мијалков.

За случајот „Титаник 2“, односно за изборни манипулации, освен Сашо Мијалков, на казна затвор од по три години се осудени и поранешните членови на Државната изборна комисија: Влатко Сајковски и Сашо Срцев, а нивниот колега Бедредин Ибраими на 4,6 години затвор, додека лидерот на ДПА, Мендух Тачи на три години и два месеца. Сите осудени, со исклучок на Мендух Тачи, вложиле жалба до повисокиот суд.

 

(ТВ 24)

Спонзорирано