Македонски државјани кримучареле мигранти во Хрватска

    1410

    Како што пренесуваат хрватските медиуми, а кои се повикуваат на полициски иазвори, македонските државјани потпомогнати од двајца хрватски државјани успеале во земјите на ЕУ да прокриумчарат 166 лица

     

    Управата за сузбивање на организиран криминал ( УСКОК), како што пишуваат хрватските медиуми, започнале истрага за седуммина македонски и двајца хрватски државјани. Според мдиумите, а кои се повикуваат на официјални полициски извори, оваа група, во 19 случаи, успеала да организира илегални минувања, од Босна и Хецеговина до Словенија, за 166 илегални мигранти.
    Во тамошните медиуми се уште не можат да се сретнам имињата на осомничените, но потврдуваат дека македонските државјани се на возраст од 28, 41, 44, 29, 36, 48 и 38 години, а хрватските кримчари се на возраст од 50 односно 36 години и дека групата, од крајот на април па до 15. октомври, имала договор за „недозволено пренесување на поголем број странски државјани заради стекнување на голема протиправна имотна корист“.
    Истрагата верува дека се работи за мигранти кои биле сместени во бегалскиот камп во близина на Бихаќ, БиХ, бидејќи нивното префрлање се случило на подрачјето на Петрова Гора, а за тоа биле задолжени двајца македонски државјани, додека трет бил задолжен за нивниот транспорт. Досегашниот тек на истрагата потврдил дека префрлањето од Хрватска во Словенија се одвивало на просторот на Жумберак.
    И покрај тоа што се работи за добро организирана група која успеала да пренесе 166 илегални мигранти, сепак УСКОК до истражен судија на Жуанијскиот суд во Загреб предложил изрекување на мерка притвор само за две лица.

    Спонзорирано