Куќен притвор за глумицата Силвија Стојановска

1993

По барање на Јавен обвинител, судија на претходна постапка на глумицата Силвија Стојановска и изрекол безбедносна мерка – куќен притвор.
Стојановска, која денеска попладне беше спроведена во скопскиот кривичен суд, како што шпекулираат медиумите, се сомничи за инволвираност во нелегална трговија со кокаин. Имено, како што пренесуваат најголемиот број на медиуми, Стојановска и уште едно машко лице биле инволвирани во трговија со поголемо количество на Кокаин во Шпанија.
Во отсуство на официјални информации се шпекулира дека Стојановска „заработила“ 30 – дневен куќен притвор, а за извесен В.Б. кривичниот судот изрекол ефективен притвор.
По напуштање на судот Стојановска не го прокоментира нејзиното спроведување и обвинувањата упатени на нејзина адреса. Имено, одредени обвинувања се однесуваат на подигање на големи арични средства кои, наводно, биле заработени од препродажба на кокаин. Некои медиуми излегоа со тврдење дека братот на пријателот на Силвија Стојановска бил уапсен во Шпанија кога тамошната полиција запленила 700 килограми кокаин.
Како што е познато Шпанија, односно нејзините јужни, пристанишни градови, се местата каде се складишти кокаинот кој доаѓа од Јужна Америка.

Спонзорирано