Љупчо Палевски-Палчо, по барање на Хрватска, приведен и притворен во Белград!

    3793

    Како што објавуваат некои домашни портали, а кои се повикуваат на пишувањата на некои српски медиуми, вчер, во Белград бил приведен Љупчо Палевски викан „Палчо“. Апсењето на Палевски се случило во моменти коа тој на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се подготвувал да се качи на авион за Москва. До апсење и притворање на Палевски дошло по активна потерница којашто била распишана по него. Имено, потерница за Палевски распишала Република Хрватска, но засега не е познато за какви кривични дела тој се товари.
    Љупчо Палевски, на четврти април оваа година, беше приведен откако на јавен собир во Прилеп, незаконски, објавуваше снимени телефонски разговори. Тој беше ослободен, но за него се води кривична постапка.

    Спонзорирано