ДЕНЕСКА СЈО ЌЕ МУ ГИ ПРЕДАДЕ СИТЕ ПРЕДМЕТИ НА ЈО

433

До крајот на денот треба да заврши примопредавањето на сите предмети кои ги поседуваше и по кои постапуваше специјалното јавно обвинителство. Имено, кајко што денеска потврди Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, предметите од СЈО ќе бидат префрлени во републичкото јавно обвинителство. Според Јовески, до крајот на следна недела ќе бидат завршени сите технички работи поврзани со префрлањето на предметите, а потоа, со извесни мали одложувања судењата ќе продолжат, но најнапред ќе треба да се определи надлежност за водење на предметите.
„Ќе определиме кое е стварно и месно надлежно обвинителство за да го застапува овој предмет. Можеби ден-два овие рочишта ќе се одложат, но ќе им дадеме приоритет на оние предмети кој имаат неодложни активности. Има став на судовите дека се прифаќаат овие докази и ние ќе ги преземе овие докази. На сите обвинители кои се во СЈО и се полномошници на Јанева, функциите од обвинителствата од кои доаѓаат им мируваат. Очекувам Советот на јавни обвинители да го реши нивниот статус и прашањето за извршувањето на нивната функција”, рече обвинителот Јовески и потврди дека од затворот „Скопје“ се примени три писма напишани од екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Обвинителот Јовески потврди дека едно од писмата било адресирано до тимот на СЈО, а две до ЈО и дека не постои никакво сомневање во автенитчноста на писмата, бидејќи целата комуникација е остварена преку Истражнот затворот и судијата на претходна постапка.

Спонзорирано