ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ И ВИЛМА РУСКОВСКА НА СРЕДБИ ВО БУГАРСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

988

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во Софија денека остварија средба со Иван Гаешев, Главен обвинител на Бугарија.
„Двете страни на средбата ги разгледаа прашањата од взаен интерес, особено поврзани со соработката во кривичните постапки и во борбата против организираниот криминал“, се вели во соопштението на Обвинителството и се појаснува дека Јовески и Русковска, во Софија, учествуваат на меѓународната конференција „Заштита на еврото во Бугарија, земјите од Југоисточна Европа и балканскиот регион – постигнувања и предизвици пред правосудните органи“, која е организирана во рамките на проект со финансиска поддршка од Европската комисија преку програмата „Перикле 2020“.
Нашите и јавните обвинителства на Бугарија, во 2015 година, имаат потпишано спогодба за соработка со која се предвидува зајакнување на контактите меѓу македонските и бугарските обвинители, како и соработка во сите области од обвинителското постапување.

Спонзорирано