КУМАНОВЕЦ ОБВИНЕТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕ ТРИ УБИСТВА

380

Жител на Куманово, на возраст од 57 години, е обвинет дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Мотив за поттикнувањето била одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода, додека се превезувала, во возило, како сопатник. Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот.
„Сега обвинетиот, за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот. Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80.000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од оштетените да им го одземат животот на трите лица. Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство од каде информација дека обвинетиот се товари за кривично дело: убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик.
Обвинитството, освен обвининие, до кумановскиот суд поднело и предлог за продолжување на веќе изречената мерка притвор.

Спонзорирано