Кривични пријави за поранешните градоначалници на Македонски Брод и на Пехчево

574

Кривични пријави се поднесени против поранешните градоначалници на Македонски Брод Милосим Војнески и на Пехчево Игор Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи во текот на 2017 година склучувале договори со правни и физички лица со што нанеле штета на буџетот на општините.

Како што информира МВР, М. В. Од Македонски Брод, како градоначалник на општината, исплатил фактура од над 277 илјади денари на правно лице и покрај тоа што не биле исполнети обврските од договорот, додека И. П. како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка склучил договори со две физички лица од градот со што предизвикал штета од 76 илјади денари.

Спонзорирано