КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕТО КОЕ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ПРЕМИЕРОТ

2979

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство најави кривична пријава против Васил Чулев (51) за од него објавена содржина на социјалната мрежа „Фејсбук“, а со која повикува на насилство односно сторено кривично дело по член 144 ст. 4 загрозување на сигурност и по чл.394-г и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, од Кривичниот законик на РСМ.
Сега пријавениот упатил повик до „вистинските Македонци“, на Илинден, да дојдат на Мечкин Камен и да ги исвиркаат „северџаните“, но кај него има и говор на омраза, но и јавни закани упатени кон премиерот Заев за кого бара „куршум во чело“.
Пријавениот Васил Чулев, вчера, бил повикан во ПС „Чаир“ и од него бил одземен мобилен телефон. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.
Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на електронската адреса cybercrime@moi.gov.mk

Спонзорирано