Основното јавно обвинителство Скопје издали наредба за поведување истрага за лице, на возраст од 37 години, поради постоење на основано сомнение дека извршил кривичното дело убиство.
Телото на жртвата беше пронајдено од случајни минувачи, на 5. август минатата година, во атарот на селото Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари, откако два дена порано, при вршење на семејно насилство, тој ја убил жената со која живеел во вонбрачна заедница. Имено, сега осомнјичениот, по започната вербална расправија, почнал со тупаници да ја удира жената по глава, а потоа и нанел две убодни рани од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход.
Спонзорирано