Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од денеска и формално ќе отпочне истрага за пет лица. Истрагата за градоначалник на општина и за надзорен орган во општината се однесува на продолжено кривично дело: Злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки, а второосомничениот како вистински сопственик на две правни лица и брат на првоосомничениот ќе се гони за за две продолжени кривични дела: Поттикнување и во врска со кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување и за кривично дело: Перење пари и други приноси од казниво дело. Четвртоосомничениот, инаку сопственик и управител на избришано правно лице и потписник на банкарските сметки на друг, исто така избришан правен субјект му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело: Помагање во врска со кривично дело Перење пари, а петтоосомничениот, инаку управител на правното лице чиј сопственик е второосомничениот, сторил Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавноприватно партнерство.
Според Обвинителството, во временски период од 2012 година до 2018 година, поттикнати од надзорниот орган, градоначаликот и трето осомничениот прибавиле корист за друг со што нанеле штета на општинскиот буџет, додека четвртоосомничениот, издавајќи фактури со невистинита содржина кон правното лице на второосомничениот, а кои не ги евидентирал во својата сметководствена евиденција, му помогнал да изврши кривично дело: перење пари и други приноси од казниво дело. Петтоосомничениот со поднесување на документација со невистинита содржина свесно ги повредил прописите за постапка за доделување на договор за јавна набавка и на тој начин остварил голема имотна корист.
КРИВИЧНА ИСТРАГА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЕТИРИ ДРУГИ ЛИЦА
Спонзорирано