Кривична истрага по убиството во Шуто Оризари

    1113

    Јавен обвинител од скопското Основното обвинителство издал наредба за отворање на кривична истрага за лице кое се сомничи дека сторило кривично дело убиство, но како што веќе стана практика оттаму не соопштуваат ништо за неговиот идентитет и покрај тоа што истиот одговара за исклучително тешко кривично дело.
    Од она што може да се насети е дека се работи за лице кое во петокот, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца блиски роднини, во населбата Шуто Оризари, едниот од нив со нож го усмртил својот братучед. Имено, откако сега осомничениот влегол во домот на неговиота роднина тој со нож му задал две убодни рани во градите и стомакот абдоменот му нанел две убодни рани, но кога со намера да ги раздвои, меѓу нив застанала сопругата на оштетениот тој и задал удар во пределот на срцето. Од ударот жената, чија што име и возраст, исто така, благодарение на обвинителството ќе останат непознати.
    Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Спонзорирано