Кривичниот суд во Скопје информира дека не се прифатени барањата за издавање времени пасоши за осомничените во случајот „Империја”, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделски, сопственик на “Пелистерка”.
– Основниот кривичен – суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање – извести судот.
Камчев бараше времен пасош со рок од една година, за што понуди и гаранција.
Спонзорирано