Поранешната министерка за внатрешни работи не знаела дека таа ја потпишала одлуката за уништување на опрема за прислушување.
На денешното продолжение Гордана Јанкулоска сведочеше за уништувањето на опремата и според нејзиното кажување таа за уништувањето дознала оној момент кога Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага за предметот кој беше наречен „Тврдина“, а кој подоцна беше споен со предметот наречен „Таргет“.
Според Јанулоска решението било потпишано на 13. мај 2015 година, но таа извештај од работата на Комисијата која ја била задолжена за уништување на опремата, примила на осми истиот месец, односнмо само еден ден пред настаните во кумановското Диво Насеље и пет дена пред нејзиното заминување од МВР.
„Имав информации дека се вршело уништување на опрема на Управата, во која спаѓаат и опремата за прислушување, откако компетентна Комисија донела таква одлука врз основа на извештај кој самите членови го изготвиле“, рече поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараузнавање, Сашо Мијалков и потврди дека тој имал влезна лозинка во системите за следење, но дека тој никогаш не ја искористил таа можност.
Мијалков е согласен дека во работата на УБК имало одредени пропусти и дека тој како прв човек на таа институција има одредена одговорност, но дека не требало да биде обвинет за тешки кривични дела, тука, можеби за „несовесно работење во службата“.
На барање на обвинителката Ленче Ристоска, в петок, ќе биде презентиран уште еден доказ од дигиталната форензика во Министерството за внатрешни работи.
Во овој предмет, освен споменатите Гордана Јанкулоска и Сашо Мијлаков, обвинети се пребеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и уште шестмина други вработени во УБК.
ЈАНКУЛОСКА НЕ ЗНАЕЛА ДЕКА ПОТПИШАЛА РЕШЕНИЕ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ОПРЕМА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ
Спонзорирано