Извршен увид во Карпош 4 каде што беше пронајдено мртов маж

    2409

    Дежурен јавен обвинител од скопското обвинителство извршил увид, во населбата Карпош 4, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
    Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето.

    Спонзорирано