Издадена потерница по Игор Спасов – осуден за убиство на Мартин Нешковски

1527

Судот во Штип издал потерница по лицето Игор Спасов, познат на домашната јавност како човек кој на смрт го претепа младиот Мартин Нешковски.
Спасов, кој за бруталното убиство, извршено на шести јуни 2011. година, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, беше осуден на 14 години затвор, бил времено пуштен од затворот, бидејќи имал здравствени причини и имал потреба од лекување. Иако измина една недела од рокот предвиден за негово враќање во затворот, тој тоа не го сторил. Доколку не биде пронајденм во земјава, Спасов ќе се бара со меѓународна потерница.
Игор Спасов за време на судењето негираше дека тој го убил Нешковски, а по формирањето на Специјалното јавно обвинителство, во неколку навртати, беше повикуван на распит токму за овој случај, но тој никогаш не беше ослободен од обвинувањата за убиство, ниту, пак, некој друг беше доведен во некаква врска со смртта на младиот Мартин Нешковски.

Спонзорирано