ИСТРАГА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИОТ ПОЈАС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

1155

Јавен обвинител отворил постапка за едно лице за кривични дела: узурпација на недвижност и оштетување или уништување на добра под времена заштита или културно наследство или природни реткости.

Струшкото јавно обвинителство отвори предмет против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривични дела: узурпација на недвижност и оштетување или уништување на добра под времена заштита или културно наследство или природни реткости.
„Осомничениот, во повеќе наврати, започнувајќи од август минатата година, ангажирал лица да вршат ископ, тампонирање со земја и други материјали на крајбрежјето на Охридското Езеро, со што извршил узурпација на природното езеро и уништување на добра и природна реткост. Осомничениот спротивно на Законот за заштита на природата преку спомнатите активности преземени во појасот на трски и крајбрежјето, ја зголемувал земјишната површина и го уништувал заштитениот појас трски и Охридското Eзеро кои претставуваат живеалишта за ендемични видови“, се вели во официјалното соопштение на Обвинителството и притоа се напоменува дека Охридското Eзеро е класифицирано како споменик на природата, а согласно законите, во нeговата непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат неговите обележја и вредности.
По отворањето на предметот против осомничениот, во август 2018 година, Јавен обвинител презел дејствија во насока на утврдување на факти и притоа констатирал дека активностите коишто ги презел осомничениот се вршени на земјиште во сопственост на државата и дека тој не поседува соодветни дозволи.

Спонзорирано