Тетовското Основно јавно обвинителство, а по поднесена пријава од тамошната полиција, поведе постапка за пет лица, бидејќи постои основано сомнение дека на вчера одржаните протести сториле кривично дело: учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Всушност, за четворица од нив се повбедува постапка за кривично дело: напад врз службено лице при вршење работи на безбедност.
„Поради потреба од непречено водење на кривичната постапка, особено поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело, тетовското обвинителство до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор“’, се вели во дописот лиферуван од Јавното обвинителство и притоа се потврдува дека Судија на претходна постапка од судот во Тетово го прифатил предлогот и на осомничените им опредил притвор во траење од по осум дена.

Спонзорирано