Јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство повело пстапка за жител на Скопје, на возраст од 44 години, за кривично дело тешка кражба.
Сега осомничениот на 25. мај оваа година, како и во саботата, сторил две тешки кражби на дрзок начин, одземајќи накит од грашѓани кои се движеле по скопските улици. Имено, крадецот, откако ќе изберел потенцијална жртва тој почнувал да ја следи и тоа се додека не се увери дека во нивна близина нема други лица, а потоа тој ќе им се приближел и од вратот, на сила, им ги одземал златните ланчиња.
Полициската истрага покажала дека во кражбата од 25. мај тој имал и придржба од засега непознато лице.
Втората кражба се случи во саботата, околу 17.30 часот, но тој бил забележан од случајни минувачи и поради тоа се дал во бегство, а влегол и во водите на Вардар, но тој бил стигнат и совладан од страна на вработена во Министерството за внатрешни работи.
Истрага за крадец кој во саботата влезе и во водите на Вардар
Спонзорирано