ГОСТИВАР: Обвинение за свирепо убиство во семејно насилство

754

По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство во Гостивар поднесе обвинителен акт против за едно лице за кривично дело свирепо убиство во семејно насиолство.
Настанот за кој се одн4есува обвинението се сличи на деветт септември минатата година кога лица, на возраст од 67 години, при вршење семејно насилство во својот дом, во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.
Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а критичниот ден, тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото.

Спонзорирано