Глоби за непочитување на здравствените прописи во Куманово, Прилеп и Дебар

    276

    Најпрво за едно, а потоа за уште едно лице од Куманово, е издаден казнен налог поради сторено кривично дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
    Едниот од обвинетите, во понеделнико, при влез во државата, на преминот Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација, бидејќи доаѓал од Австрија, но при контрола, извршена веќе следниот ден тој не бил затекнат во домот. Поради стореното Обвинителстбто бара од судот да му изрече 100 дневни глоби од 20 евра или казна 2.000 евра, во денарска противвредност.​

    Вториот случај е од неделата кога лицетро, на преминот Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во траење од две недели, со оглед на тоа што доаѓал од Италија, но и тој, при проверка не бил пронајден дома. И за овој обвинетиот се побарани 100 дневни глоби или казна од 2.000 евра.

    Заради непочитување за прописите за заштита има пријави за четворица жители на Прилеп. Сите сега обвинети, во различни случаи, при влез во земјава, потпишале изјави за самоизолација, но не ги испочитувале и за нив се побарани казни од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 30 евра во денарска противвредност.​
    Казнени налог се издадени и за двајца сопственици на локали во Дебар. Тие се товарат дека сториле кривично дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Обвинителствто за угостителите бара да им се изрече парична казна од 10 до 100 дневни глоби.