Ќе има кривична одговорност за непочитување на полицискиот час

1280

Непочитување на препораките на Кризниот штаб, како и на воведениот полициски час, најмлаку десетмина граѓани ќе ги чини кривична одговорност. Имено, во текот на ноќта, а по отпочнување на полицискиот час, полицијата привела 10 неодговорни граѓани. За петмина од нив, инаку жители на Тетово и Гостивар ќе следат пријави и поради агресивно однесува кон полицијата, а кај други тројца, жители на Куманово било пронајдено и огнено оружје. Инаку, освен десеттемина приведени полицијата опоменала повеќе од 70 други лица.
Колку за потсетување Јавното обвинителствто во текот на вчерашниот ден, а повикувајќи се на одлука донесена на 25. седница на Владата на Република Северна Македонија, кажа дека на територијата на целата држава се воведува забрана за движење, во временски период од 21 часот до шест част следниот ден и дека одлуката ќе мора да се почитува. Во делот кој се оснесувба на кривично-правниот аспект, Обвинителствто информираше дека непочитувањето ќе се гони кривично, како непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, согласно член 206 од Кривичниот законик.
За споменатото кривично дело, за физичко лице е запретена парична или казна затвор до една година, а ако делото е сторено од правно лице може да му се изрече парична казна и до 30 милиони денари.

 

( фото: Фактор)

Спонзорирано