Гевгеличанец осомничен за силување на малолетничка

    429

    Момче на возраст од 22 години, жител на Гевгелија, е притврено поради постоење на основано сомневање дека извршило кривично дело силување на малолетничка.
    Сега осомничениот, во неделата, насилно обљубил девојче на возраст од 14 години, откако сега оштетената дошла во домот на осомничениот, во придружба на нејзин другар. Во домот на осомничениот имало уште едно лице кое го турнало девојчето во една од собите, а потоа ја заклучило. Со примена на сила и со закани, осомничениот извршил обљуба врз малолетничката. Девојчето викола и барало помош, но насилникот и се заканил дека не смее никому да кажува за настанот.

    Спонзорирано