Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое се претставува како „Ел Чека“, а за кое беше утврдено дека е извесен Шеќерим Ахмети. Тој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање.
Обвинетиот при крајот на минатиот месец, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka”, објавил повеќе тонски снимени со прислушувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.
„Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело, со пропишана казна затвор од една до пет години за секој што ‘што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана’. Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од ЈОРМ.

Спонзорирано