ЕКСКЛУЗИВНО: ВРХОВНИОТ СУД ГИ УКИНА ПРЕСУДИТЕ ЗА ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ!

2058

Само една недела од денот кога започна со издржување на затворската казна, Владимир Панчевски, благодарение на пресудата на Врховниот суд на РСМ, повторно ќе се најде на слобода

 

По само десетина дена откако почна со издржување на затворската казна пораешниот судија и претседател на скопска „единица“, Владимир Панчевски, повторно ќе се најде на слобода!
Имено, Врховниот суд на Република Северна Македонија, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донесе решение со кое се укинува правосилната пресуда и случај го враќа на повторно одлучување во скопска Апелација!
Согласно одлуката на Врховниот суд, Владимир Панчевски, кој пред само не цели две недели започна со издржување на затворската казна, сега ќе се најде на слобода и веројатно повторно ќе следи судење кое ќе трае неколку години.
Интересно е и тоа што во Советот кој ја донел одлуката има дури четворица судии Албанци и само една судијка Македонка. Имено, претседател на Советот е судијата Сафет Кадрии, а во него партиципираат судиите Фаик Арслани, Џемаили Саити, Африм Фидани и судијката Мирјана Лазарова Трајковска.
Овој Совет ќе образложи дека постапувал по поднесено барање за вонредно преиспиутување на пресудата на велешкиот суд од 4. август 2020 и на скопска Апелеција од 14. јули мината година и дека на 9. овој месец, односно само седум дена подоцна од денот кога Панчевски ќе започне со издржување на затврската казна, е донесена одлуката со која се укинува правосилната пресуда и предметот се враќа на повторно судење.

Инаку, Владимир Панчевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, надвор од системот АКМИС, а по сопствена волја, на рака и со негов птпис на судии коишто тој ги одбрал поделил 45 судски предмети.
Откако беше обвинет Панчевски со месеци го избегнуваше судот во Велес, кој, пак, мораше да нареди негово приведување и притворање.

Спонзорирано