Скопското основно јавно обвинителство издало наредба за отпочнување кривична истражна за едно лице за кое се верува дека сторило кривично дело-разбојништво.
Сега осомничениот, на 16. минатиот месец, околу 22. часот, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе мобилен телефон ( „Ајфон С-6“), проценет на 40.000 денари. Осоминчениот, кој според Обвинителството треба да остане анинимен, и се приближил на жртвата, а потоа започна да ја удира со тупаници по главата и телото, притоа обидувајќи се да и го одземе мобилниот телефон којшто таа го држела в рака. Откако жртвата дала отпор, сторителот ја турнал на земја и продолжил со удирање, влечејќи ја притоа за чантата. Сепак, поради жестокиот отпор на оштетената, како и поради нејзиното силно довикување за помош, насилникот се откажал од намерата и побегнал.
Јавниот обвинител, до Судија на претходна постапка, доставил предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена, а што било прифатено.
Еден месец притвор за лицето кое се обиде да одземе „Ајфон 6“
Спонзорирано