Еден месец притвор за кичевчанец за 107 грама марихуана

    1189

    Жител на Кичево кривично ќе биде кривично гонет поради поседување на марихуана. Имено, како потврдуваат од гостиварското обвинителство лицето, чиј што идентитет и години на старост не ги соопштиваат, ќе одговара за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно поради поседување на марихуана со тежина од 107,74 грама, којашто била спакувана во 15 зипер ќесички.
    За имателот на дрогата бил побаран притвор, на што судот одговорил со изрекување на мерка притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано