Две лица се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно дека кај местото викано „Големи Јавори“, во близина на Гевгелија, произведувале наркотична дрога марихуана и масло од канабис.
„Во фолија-пластеник имале засадено повеќе корени од растението – канабис сатива кои редовно ги наводнувале. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, тие собрале, исушиле и спремиле за продажба вкупно 1.458,43 грама марихуана во различни пакувања, а 57 гранки ги сушеле заради производство на масло од канабис во импровизирана лабораторија. Кај нив биле пронајдени и 1,5 литри масло од канабис во пластично шише. Во фолијата останале уште 20 корени од растението со висина од 0,2 до 2,4 метри кои продолжиле да ги наводнуваат и ги чекале да созреат“, потврдуваат од Обвинителството и појаснуваат дека дрогата и опремата за производство, во импровизирана лабораторија, биле откриени при претрес во викенд-куќата во која престојувале осомничените.
Во истата викендица, двајцата осомничени, на 21. овој месец, им овозможиле на двајца сведоци да употребуваат марихуана. При претрес, кај двајцата сведоци биле пронајдени помали количества марихуана во рачно изработени цигари.
На сега осомничените, а по птредлог на Јавен обвинител, судија на претходна постапка им определи притвор во траење од 30 дена.
Две лица, во импровизирана лабораторија, произведувале масло од канабис
Спонзорирано