Мирјана Радевска – Стефкова, судијка во Врховниот суд на РСМ и Зоран Герасимовски, судија во скопска Апелација, како што пишува порталот „Сакам да кажам“, поднеле оставки од членство во Судскиот совет.
Причините за поднесувањето оставвк засега се непознати, но она што е познато е дека се работи за членови на Судскиот совет кои се избрани од редот на судиите, на непосредни избори.
Со поднесувањето на оставквите уште повеќе ќе се усложнат состојбите кои веќе месеци наназад го следат Судскиот совет, во кој за нешто помалку од половина година се сменија тројца претседатели.
Спонзорирано