ДРЖАВАТА ПОВТОРНО ЌЕ БАРА ОД ИНТЕРПОЛ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ

949

Може ли од седиштето на Интерпол, да се очекува нов, позитивен, одговор по веќе поднесеното барање за екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски од Унгарија во нашата земја?

Доколку се следи текот на настаните малку е веројатно дека Лион, во скоро време, ќе излезе со нова изјава, откако претходно одби да го коментира одбивањето да распише меѓународна потерница и за својата постапка рече дека одговор треба да се бара од нашите државни органи.

За разлика од „Интерпол“ македонските државни институции, кои се незадоволни од коментарот, велат дека ќе продолжат со инсистирањата Никола Груевски да се бара со меѓународна потерница за терористичко загрозување на уставниот поредок, односно за организирање на нередите од 27. април 2017. година.

Од Јавното обвинителство велат дека не планираат да доставуваат нови документи до Интерпол, бидејќи со изјавата за екстрадиција, која што тие ја испратиле уште на четври март оваа година, тие ги доставиле сите потребни документи, односно: решение за определување на мерка притвор и наредба за поведување на истражна постапка, а се во прилог со веќе поднесената национална потерница!

Она што, несомнено делува збунувачки за Јавното обинителството е тоа што Интерпол од нив бара нешто што ни самите не кажуваат што е тоа, но, во суштина, се заборава дека тие имаат овластувања само за постапување, но не и да инстистираат на нови документи или докази.

Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано