Драганчо Стоименов побегнал од својот дом во кој издржуваше мерка куќен притвор

5159

Како што пренесуваат некои портали лицето Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, осомничен за обид за убиство, го напуштил својот дом, во којшто ја издржувал мерката куќен притвор.
Бегството на Стоименов познат и како “Дацо Белски“, прекар, наводно, добиен по кочанското село Бели, е потврдено и од Министерството за внатрешни работи, од каде наведуваат дека тој не бил најден при проверка на неговиот дом, во Кочани. Имено, полицијата го информирала судот дека притворениот Стименов не ја испочитувал изречената мерка, којашто му беше изречена како алтернативна, наводно, поради нарушена здравствена состојба.
Драганчо Стоименов на почетокот на оваа година, во кочанскиот ресторан „Аква“, Стоименов седел на иста маса со својата жртва. Имено, тој стрелал во својот пријател и бизнис-партнер Драган Здравев, а по негово ранување тој се даде во бегство кое траеше нејколку месеци. Откако доброволно им се предаде на органите на прогонот Дацо Белски заврши во притвор кој, пак, му беше заменет за мерка куќен притвор.
Драганчо Стојменов на домашната јавност и стана познат уште пред десетина години, односно во 2011 година влезе во директна конфронтација со негови пријатели од неколку градови во Источна Македонија. Во случајот кој подоцна ќе биде наречен „Детонатор“ започна со заплени на повеќе од илјада покер машини, но никој од многуте обвиунети не одговараше за организирање на илегален комар или за слични кривични дела, но затоа, пак, тие беа обвинети за повеќе тешки дела.
Скопскиот кривичен суд, во 2013 година, на двајца од обвинетите им изрече казна доживотен затвор, а имаше и казно од 14,6 години затвор. Стоименов, кој во предметот „Детонатор“ беше произведен во жртва побара надомест на штета во висина од 250.000 евра, но судот му одреди надомест, од обвинетите, во висина од 520.000 денари и дополнителни 29.600 денари за надомест за негово лекување.
Драганчо Стоименов влезе во конфликт и со лицата Александар Ваилевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо. Тој обвини дека споменатите пукале во него.

Спонзорирано