Доживотен затвор и одреди Судот во Гостивар на 30 годишната Блерта Поцеста, за убиство на своите родители и малолетната сестра. Тројното убиство беше. извршено во август 2018 година во Дебар, по што Поцеста избега во Италија.
Судот изречен и пресуда од 10 години затвор за еден од нејзините соработници кој ја возел со автомобил, додека за третобвинетиот судот одлучи да го гони за друго дело, односно за неовластено поседување оружје од член 396 од Кривичниот законик. Имено, третообвинетиот, според Обвинителството, и ги дал пиштолот и пет куршуми на Блерта Поцеста за потоа таа да ги убие своите татко, мајка и сестра. Обвинителството, незадоволно, најавува жалби за пресудите за двајцата помагачи на осудената дебранка. Поцеста доби доживотен затвор откако обвинителството обезбеди доволно докази дека таа, на 26. август 2018 година, во семејната куќа во Дебар, со пиштол пукала прво во своите родители, а потоа и во сестрата и ги усмртила сите тројца.
Ден претходно, сега осудената Поцеста телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и двајца заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на болницата во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило за да го врати во Гостивар. Потоа, таа, со такси, отишла на аеродромот во Скопје од каде што со авион заминала за Италија.
Откако избега од земјава, а медиумите известија за убиството, Поцеста се врати од Италија, по што стана и главна осомничена во истрагата.
Доживотен затвор за Блерта Поцеста, која си ги уби родителите и малолетната сестра
Спонзорирано