Двајцата обвинети за злоупотреба на службена положба, според обвинителството, го оштетиле Дрвно-индустрискиот комбинат „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, за 15.112.669 денари

 

Основното јавно обвинителство Велес поднело обвининие за директор и за течаен управник за кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување.
Спред обвинителството од 28. мај 2009 до 28. мај 2013 година, сега првообвинетиот, во својство на извршен директор на стечајниот должник Акционерско друштво за производство на режана граѓа и други финални производи од дрво ДИК „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и управител на правното лице „Амбалажа Кабран“, спротивно од одредбите на Законот за стечај, не ги испоолнил обврските кои произлегуваат за него од спроведбениот дел на стечајниот план за реорганизација на стечајниот должник, кој бил подготвен и изготвен од санаторот-инвеститор „Амбалажа Кабран“. Согласно планот, тој бил задолжен да изврши финансиска консолидација на стечајниот должник, да го обнови и продолжи деловниот потфат, како и да ги намири обврските кон доверителите групирани во четири групи, во рок од четири години и една година грејс-период, заклучно со 28. мај 2013 година. Спротивно на ова, тој започнал да продава од недвижниот имот.
Во отсуство на надзор над спроведувањето на стечајниот план, обвинетиот извршил продажба на имот на стечајниот должник во вкупна вредност од 8.636.415 денари без да ги исплати утврдените побарувања на доверителите во стечајната постапка.
Втората обвинета, пак, во својство на службено лице – стечаен управник на стечајниот должник ДИК „Страшо Пинџур“, спротивно на Законот за стечај, не извршила надзор над исполнувањето на стечајниот план за 2011, 2012 и 2013 година и не го известила Одборот на доверители, ниту Стечајниот совет дека стечајниот план не се спроведува и дека се врши продажба на имотот на стечајниот должник со што се оневозможува намирувањето на неговите доверители.
На овој начин, двајцата обвинети причиниле значителна штета на доверителите на Акционерско друштво ДИК „Страшо Пинџур“ во износ од 15.112.669 денари или 250.000 евра.

Спонзорирано