Основното јавно обвинителство во Скопје поведе кривична истрага за две лица поради постоење основано сомнение дека, како соизвршители, сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничените, во куќа, во скопско Визбегово, во која престојувале времено, заради препродажба поседувале марихуана со нето тежина од 5.890,21 грами.
Имено, при претрес на куќата, осомничената била затекната како во дворот, низ прозорецот, од црна полиетиленска ќеса истресува марихуана. Осомничената девојка, на која како и на другиот осомничен Обвинителството им го заштитува идентитетот со необјавување на нивните иницијали и години, успеала да фрли 1.860 грама марихуана . Остатокот од дрогата бил пронајден близина на домот во кој престојувале осомничените.
До судија на претходна постапка е доставен предлог за изрекување на мерка притвор поради опасност од бегство на осомничените.
ДЕВОЈКА ФРЛИЛА НИЗ ПРОЗОРЕЦ ДВА КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА
Спонзорирано