Десет години затворска казна за случајот „Спец. каса во УБК“

1585

Тони Јакимовски, ексначалник во УБК, кој беше и шеф на кабинет на поранешниот директорот на Управата Сашо Мијалков,  е осуден на шест години затвор за случајот „Специјална каса“, како што објави Кривичниот суд – Скопје.

За случајот со проневера на пари од касата на УБК, Стево Маџовски, кој бил вработен во Управата, доби правостепена пресуда од четири години затвора, а Судот ја ослободи од одговорност Кристина Јосифовска, која исто така била вработена во УБК.

Во текот на кривичната постапка што почна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа, а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со ковид – 19. Изведени се предложените материјални и вербални докази и, по предлог на одбраната, сослушан е сведок, преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Романија.

Врз основа на тоа, Судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства е уништена заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управта и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација.

 

Спонзорирано