Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара, а скопскиот кривичен суд прифати мерки кои се оснесуваат на поранешниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и за уште три други лица, исто така осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка.
Имено, јавен обвинител, со цел да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка, побара од Основниот кривичен суд – Скопје да определи привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање. Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237 денари.
Судија на претходна постапка не сам о што го прифатил барањето на Обвинителството, туку и донел решение со кое на еден од осомничените лица му се забранува да располага со средства од сметка на која, како физичко лице, има овластување да располага. Со истото решение на двете малолетни лица на Рашковски им се забрануваа да оттуѓуваат или оптоваруваат недвижности.
За фирма чијшто сопственик е друг осомничен е изречена времена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на движности.
Од Обвинителството велат дека мерките за обезбедување на имотно-правното барање ќе да траат до правосилно завршување на кривичната постапка.
Инаку на осомничените им се продолжени веќе изречените мерки за обезбедување на нови 30 дена.
ДЕЦАТА НА ДРАГИ РАШКОВСКИ НЕ СМЕАТ ДА ПРОДАВААТ ИЛИ ДА ОПТОВАРУВААТ ИМОТ
Спонзорирано