Обвинителката Фатиме Фетаи, од скопскиот кривичен суд, бара затвор за Никола Груевски и за Миле Јанакиески, бидејќи го нарачале насилството во Општина „Центар“
Затвор за Никола Груевски и Миле Јанакиески побара, денеска, во завршен збор за предметот наречен „шамари во Општина Центар“, Јавната обвинителка Фатим Фетаи, а потоа го повлече обвинението кое се однесува на поранешната советничка во Општина Центар, Данилеа Рангелова. Повлекување на обвинение имаше и за обвинетите Милан Андоновски и Борче Богдановски, додека за Игор Бошковски е побарана условна казна.
Обвинителката Фетаи, во својот завршен збор, потсети на телефонскиот разговор помеѓу Груевски и Јанакиевск. Првиот, од позиција на премиер на Влада, бара насилство, односно шамари за градоначалникот Андреј Жерновски од наводен загрижен граѓанин, кој, пак требало „да му врзе три-четири жешки шамари“, на што Миле Јанакиески дава согласбост и бара да се “направи сценарио“.
Суштината на нападите на новото раководство на „Центар“ немале никакви доприрни точки со изградба на црква во центарот на Скопје. Крајната цел била да се истуркаат промените на Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, а со кој Груевски требало да издејствува промени на плац кој што тој го купил. За да се затскрие вистинската намера тие ќе формираат и невладина организација и ќе излезат со твцрдење дека новиот градоначалник, наводно, ќе ја запрел изградбата на предметната црква. Груевски и Јанакиески ќе ги повикаат своите сопартијци да излезат на протести на кои по живот ќе им се закануваат на советниците на СДСМ.
За случајот нареќен „шамари во Општина Центар“, а по прианние на вина, на условни казни беа осудени поранешните општински советници Томислав Лазаров и Јордан Ристевски.