Боки 13 побара изземање на судијката Софче Гаврилова – Ефремова

1907

Бојан Јовановски алиас Боки 13 бара изземање на претседателката на судечкиот совет кој постапува во предметот наречен „Меѓународен сојуз“, Софче Гаврилова – Ефремова, притоа обвинувајќи ја судијката за наводна политичка инструираност и пристрасност, но и како лице кое е одговорно за неговото здравје.
Барањето на Боки 13 не е новина, бидејчи тој истото го побара за неа додека таа беше член на судечкиот совет кој постапуваше во предметот наречен „Рекет“.
По серијата искажани навреди судот му го одзема праворто на зборот на Боки 13 , а потоа беше поучен дека се што мисли дека е причин за барање изземање тој да го наведе во писменото барање, а по кое ќе треда да одлучува птетседателот на скопскиот кривичен суд. По ова судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжи со изведување на писмени докази предложени од Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Инаку, во конкретиот предмет, освен на Бојан Јовановски, им се суди и на неговиот татко Миле Јовановски, на потпретседателката Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, асистенката Христина Блажевска и на поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Спонзорирано