Битолчани, вратени од Италија, не се самоизолирале, туку ги тепале соседите

    1403

    Петмина битолчани, членови на едно семејство, имаат предлог за казнен налог за поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Со предлогот на сега обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена, по нивното враќање од Италија. Имено, согласно издадени препораки тие биле должни од 14. до 27 овоиј месец да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште, во веќе во текот на вчерашниот ден тие излегле од нивниот дом, а кога се појавиле на улицата започнале вербална расправија со соседите кои ги потсетиле на мерките за заштита. Двајца од обвинетите и физички се пресметале со своите соседи на коии им нанеле телесни повреди.
    Битолското обвинителство до судот доставил предлог на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​
    Слична сосојба вчера е регистрирана и во Кавадарци каде Јавното обвинителство поднело предлог за казнен налог за седум лица за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. сега обвинетите, кои во земјава дошле од различни држави, во понеделнико потпишале изјави за самоизолација, но при проверка од полициските службеници тие не биле затекнати во нивните домови. За нив обвинителството бара поединечни парични казни од по 50 дневни глоби.

    Спонзорирано