Залудни ќе бидат сите очекувања доколку за случајот „Маѓар телеком“ се чека сведочење на професорот Владо Бучковски.
Сведочење од поранешниот премиер не треба да се очекува во догледно време, бидејќи тоа не го сака Специјалното јавно обвинителство, односно застапничкаата на обвинението, Лиле Стефанова, иако тоа беше предлог на одбраната на обвинетите во афетата “Маѓар Телеком“.
– „Не можам да се произнесам по предлогот на одбраната лицето Владо Бучковски тој да биде распитан во својство на сведок, бидејќи споменатиот, во една предистрага, односно во друг предмет којшто е во тесна врска со овој случај, споменатиот се води како осомничен. За овој предлог на одбраната дополнително ќе се произнесам.“ – Изјави Лиле Стефанова.

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова најде „замерка“ и на предметот, кој во 2009. година го водел тогашниот скопски обвинител Марко Зврлевски. Имено, по констатација на судот дека денеска, поради болест, нема да се појави сведокот Стевица Јосифовски, Стефанова потсети дека тој во 2009. година, во записник, посведочил дека „Македонски Телеком“ водел интерна истрага за случајот со давање поткуп, но сведокот не можел да каже каков е епилогот од ревизијата, која што ја вршела „Вајт енд Кејс“, бидејќи таа не била завршена.
– „Во 2011 година, кога за овој случај бил поднесен обвинителен акт Јавното обвинтелство го спомнува, но не се произнел по прашање на извештајот. Во списите на Основно јавно обвинителство – Скопје се нашол и “статусниот извештај за македонската фаза на истрага“, од 15. мај 2008 година. Овој извештај бил доставен до „Ревизорниот комитет на Маѓар Телеком“. Извештајот дава една јасна слика за таканаречената независна истрага од независен ревизор. Сметам дека овој документ постои и барам од судот да ја задолжи одбраната, за следното рочиште, да ни го обезбеди.“ – изјави Лиле Стефанова.
Стефанова потсети дека документот е класифициран како „доверлив“ и побара тој да биде декласифициран.
По ова судијката Ленка Давиткова го утврди редоследот за распит на сведоците и според распоредот, веќе на осми следниот месец ќе сведочи професорот Борче Давитковски, а по него Стевица Јопсифовски, па Слободан Богоевски и Михалис Кефалојанис.
За корупција тешка повеќе милиони евра СЈО ги товари поранешните менаџери на „Македонски Телеком“ Атила Сендреи и Ролф Плат, но и веќе споменатиот Кефалијанис и Золтан Кишјанус, поради потпишување на милионски договори за наводни консулктантски услуги.
Телевизија 24





